Мени

“АСП” ДООЕЛ Охрид

Ул. Сирма Војвода бр. 98

6000, Охрид Македонија

Email.: asp@asp.com.mk

Тел.: +389 46 250 031

Факс.: +389 46 250 032

Отворено: 08:00 - 16:00

Работни денови: Понеделник - Петок

Среднонапонска и високонапонска електро опрема

Нашата компанија, во соработка со нашиот партнер СЕЛ Италија испорачува среднонапонска електро опрема за електростопанствата и за приватни инвеститори како во нашата држава, така и во Албанија, Србија и Бугарија.

Најдобар показател за квалитетот на опремата и нашата работа се повеќекратните рамковни договори со ЕВН Македонија АД Скопје почнувајќи од 2009 год. па се до денес за достава, монтажа и пуштање во погон на метално блиндирани, SF-6 изолирани 20(24)kV постројки како и опрема за трафостаници и секундарна опрема за 20/24kV мрежни станици.

Линк: www.sel-electric.com


Инженеринг работи

Ние изведуваме целосна градба на нови, како и ревитализација на постоечки нисконапонски и среднонапонски дистрибутивни водови, изведба на столбни трафостаници комплет со приклучен далновод, како и изведба и монтажа на нисконапонски разводни табли за приватни инвеститори.



Градежно-занаетчиски работи

Како и секоја компанија која има цел и мотив за напредок и развој, ние ги проширивме нашите дејности на градежно-занаетчиски работи. За нашата посветена работа говорат бројните успешно завршени проекти во многу јавни установи: НБРМ, МАНУ, Македонска пошта, Клинички Центар, Министерство за економија, Завод за рехабилитација на деца и младинци, многу градинки и училишта



Заптивни материјали и мерно-регулациона опрема за Термоелектрани

Ова е уште една дејност на нашата компанија. со која успешно ги снабдуваме АД ЕЛЕМ Скопје и РЕК Битола со широка палета на заптивни материјали од бугарскиот производител АВКО, Русе, Р. Бугарија, за кој сме официјални застапници за територијата на Р. Македонија, како и мерно-регулациона опрема за Термоелектрани.

Линк: www.avko.bg