Ул. Сирма Војвода бр. 98
6000, Охрид Македонија
Email.: asp@asp.com.mk
Тел.: +389 46 250 031
Факс.: +389 46 250 032
Отворено: 08:00 - 16:00
Работни денови: Понеделник - Петок
Фирмата АСП ДООЕЛ ОХРИД е формирана на 09.01.1990 год. со основна дејност трговија на големо. Низ годините, како растевме така го искористивме нашето место на македонскиот Пазар и во регионот во дејноста Трговија на големо на Среднонапонска и Високонапонска електро опрема и инженеринг на истата.
Но, како и секоја компанија која има цел и мотив за напредок и развој, ние ги проширивме нашите дејности на градежно-занаетчиски работи и трговија со заптивни материјали и мерно-регулациона опрема за Термоелектрани.
Денес можеме да се гордееме со бројни позитивни референци во трите дејности и многу задоволни клиенти.
Ние сме посветени пред се на квалитет во се што работиме. Крајното задоволство на клиентите е она што не води напред, притоа нудејќи иновативни и прифатливи решенија во областа на инженерингот, со сигурна, доверлива и висококвалитетна опрема.
При процесот на справување со кориснички прашања, како и во градежните работи кои ги извршуваме, нашата фирма ги применува системите за управување со квалитет, управување со заштита на животната средина и управување со здравје и безбедност при работа кои се засноваат на најновите меѓународни стандарди ИСО 9001:2015, ИСО 14001:2015 и ОХСАС 18001:2007, соодветно.
Следејќи ги законските прописи, поседуваме Лиценца Б за изведувач на градби од Втора категорија, како и Лиценца за Управител на одржување на објекти од Прва и Втора категорија.